Достапни линкови

Никола Рилкоски - Кандидат на СДСМ за претседател на ДИК


Никола Рилкоски, кандидат за претседател на Државната изборна комисија.

Никола Рилкоски, кандидат за претседател на Државната изборна комисија.

СДСМ донесе одлука кандидат за претседател на ДИК да биде Никола Рилкоски
СДСМ донесе одлука кандидат за претседател на ДИК да биде Никола Рилкоски, соопштија од партијата.

„Тој е долгогодишен правник и поранешен пратеник, со искуство во струката, кој работи доследно според начелата на правото и неговата примена. Рилкоски е по потекло од Охрид. Станува збор за принципиелен човек, што го има докажано и при извршувањето на повеќе високи позиции и во неколку јавни претпријатија“, наведуваат од партијата.

Оттаму се уверени дека Рилкоски ќе ги исполни законските обврски што ги бара функцијата за која се кандидира, како и очекувањата за професионална, посветена и ефикасна работа на новиот претседател во нависокото изборно тело, Државната изборна комисија.
XS
SM
MD
LG