Достапни линкови

Сириската опозиција се мисли дали да учествува на мировните разговори


Илустрација: Сирија.

Илустрација: Сирија.

Сириската опозиција денеска се состана да одлучи дали да учествува на меѓународните мировни разговори. Сириската национална коалиција се состана во Истанбул, а се очекува разговорите да траат два дена. Меѓународните мировни разговори во Женева имаа цел да ја окончаат двегодишната крвава граѓанска војна во Сирија преку формирање преодна влада. Во пресрет на разговорите во Истанбул, американскиот специјален пратеник Роберт Форд се сретна со лидерите на коалицијата да изврши притисок да учествуваат на разговорите во Женева, но тие велат дека во коалицијата има голема резервираност. Многумина во коалицијата се противат на разговори со режимот на претседателот Башар ал-Асад. Во нацрт-документот за кој треба да гласа сириската опозиција пишува дека Асад „не може да има никаква улога во преодниот период или подоцна“.
XS
SM
MD
LG