Достапни линкови

Самит за економската иднина на Кина


Chian -- Chinese City Begins Slowly Unveiling Officials’ Assets

Chian -- Chinese City Begins Slowly Unveiling Officials’ Assets

Кинеските лидери се среќаваат на разговори за економската иднина на земјата. Лидерите на Комунистичката партија на Кина денеска во Пекинг го почнуваат четиридневниот самит посветен на очекуваните економски реформи со цел заживување на економијата, која е забавена по тридеценискиот брз раст. Владата одговори на забавувањето на растот со разни, привремени реформи, но се очекува актуелниот Пленум на Централниот комитет да поддржи сеопфатен пристап кон ова прашање. Државната кинеска новинска агенција Ксинхуа, цитира партиски лидер кој изјави дека пакетот ќе биде „широк, со голема сила и ќе биде без преседан“. Документ за политики објавен од владин тинк-тенк во пресрет на Самитот предлага отворање на државните индустриски сектори како железницата и енергетиката за приватни инвеститори. Се очекува на самитот да се разговара и за земјоделски земјишни реформи.
XS
SM
MD
LG