Достапни линкови

Стотина жртви од тајфунот Хаијан на Филипините


Најмалку 100 луѓе веројатно загинале на Филипините во налетот на тајфунот Хаијан, информира владин претставник. Капетанот Џон Ендрјус, заменик генералнен директор на Цивилното воздухопловство на Филипините, изјави дека, според првичните информации на авијатичките офицери, на улиците на градот Таклобан имало тела на мртви луѓе. Хаијан е веројатно најголемото невреме што ја погодило земјата. Тајфунот срамни куќи со земја, предизвика лизгање на земјиштето, поплави и предизвика прекин на телекомуникациите.
XS
SM
MD
LG