Достапни линкови

Вакцинација против детска парализа на Блискиот Исток


Илустрација.

Илустрација.

Повеќе од 20 милиони деца во Сирија и во соседните земји се вакцинирани против детска парализа во обид да се спречи ширењето на оваа болест која се појави во регионот по 14 години, информираат агенции на ОН. Светската здравствена организација(СЗО) и УНИЦЕФ вчера соопштија дека на Блискиот Исток во тек е голема вакцинација против детската парализа, која може брзо да се рашири меѓу децата. Минатата недела во регионот беше прогласена вонредна состојба поради ширењето на полио. СЗО потврди десет случаи на детска парализа во североисточна Сирија каде што две години беснее граѓанска војна. Полиото е предизвикано од вирус што се шири преку загадена храна и вода.
XS
SM
MD
LG