Достапни линкови

Хаваи ги легализира истополовите бракови


Илустрација.

Илустрација.

Претставничкиот дом на американската сојузна држава Хаваи донесе закон со кој се легализираат истополовите бракови. Се очекува Сенатот на Хаваи да гласа за законот наредната недела. Гувернерот Нил Аберкомби изјави дека ќе го потпише законот веднаш по донесувањето. Кога ќе се случи тоа, Хаваи ќе стане 15 или 16 американска држава што дозволува истополови бракови, во зависност од тоа кога гувернерот на Илиноис ќе го потпише таквиот закон што неодамна беше донесен и во неговата држава.
XS
SM
MD
LG