Достапни линкови

Временска прогноза - Претежно сончево и релативно топло


Илустрација.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло. Во утринските часови ќе има услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Во текот на денот ќе има и мала до умерена локална облачност.

Температурата ќе се движи од 17 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Температура ќе се искачи до 17 степени.

В недела времето ќе биде претежно облачно, но суво. Температурата ќе биде без поголема промена. Од понеделник се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и позначителен пад на дневната температура.
XS
SM
MD
LG