Достапни линкови

Иринеј: Подобро Србија без Европа, отколку без Косово


Поглаварот на Српската православна црква партијархот Иринеј рече дека Србија не може да се откаже од Косово ако тоа е цената на влезот во Европа.

„Ако е цената на влезот во Европа да се отцепи Косово, ние тогаш и „се заблагодаруваме“ на Европа. Ние попрво ќе останеме сами без Европа, ако така мора да биде, но со нашето Косово“,

рече патријархот Иринеј, примајќи ги, во Патријаршијата, учесниците на меѓународната Паневропска конференција за почитување на човековите и верски права.

Патријархот рече дека Србија не може да се откаже од Косово и оти меѓународната заедница мора да најде решение, бидејќи, ако три века со Албанците „можевме да живееме заедно, зошто да не би можеле денес“.
XS
SM
MD
LG