Достапни линкови

Нема одлука за уништување сириско оружје во Албанија


Албанија не располага со неопходниот потенцијал за уништување на сирискиот хемиски арсенал, изјави денеска претседателот на албанскиот Парламент, Илир Мета.

Тој потврди дека американските власти ги контактирале за прашањето за можноста за уништување на сириското хемиско оружје на територијата на Албанија, но оти Владата досега нема донесено никаква одлука.

Ние сме земја-членка на НАТО и имаме за цел да се бориме против тероризмот. Последниот збор за уништувањето на хемискиот арсенал на Сирија ќе го има албанскиот Парламент, изјави Мета.

И денеска, како и вчера, пред Парламентот во Тирана се одржуваат протести поради плановите за уништување на сириското хемиско оружје в Сирија во Албанија.
XS
SM
MD
LG