Достапни линкови

Грчкиот парламент расправа за изгласување недоверба на владата


грчкиот Парламент

грчкиот Парламент

Во грчкиот Парламент почна расправата по иницијативата за изгласување недоверба на владата на Андонис Самарас, поднесено од главната опозициска партија во земјата, Коалицијата на радикалната левица СИРИЗА. Партијата ваквата иницијатива ја покрена по вчерашниот упад на полицијата во просториите на поранешната државна радиотелевизија ЕРТ, која во почетокот на летото беше затворена со одлука на владата. Расправата по иницијативата ќе трае до недела, кога на полноќ ќе се пристапи кон гласање.
XS
SM
MD
LG