Достапни линкови

Во САД предложена забрана на незаситени масти


Американската Агенција за храна и лекови предложи забрана на вештачки транс масти во преработена храна, од колачиња, до замрзната пица, поради тоа што тие го зголемувале ризикот од срцеви заболувања. Се прецизира дека ваквите делумно хидрогенизирани масла го зголемуваат таканаречниот „лош“ холестерол. Доколку се намали нивната употреба, според Агенцијата, би можело да се спречат 20.000 срцеви напади и 7000 смртни случаи од срцеви заболувања годишно. Неколку други земји како Швајцарија и Данска ги забранија овие масти.
XS
SM
MD
LG