Достапни линкови

Божиновски чека екстрадиција


Зоран Божиновски, новинар.

Зоран Божиновски, новинар.

Српската полиција потврдила и формално дека е приведен осомничениот во операцијата „Шпион“ Зоран Божиновски и го информирала македонското МВР дека треба да се почне процедурата за негова екстрадиција, потврдија од министерството.

Српската полиција потврдила и формално дека е приведен осомничениот во операцијата „Шпион“ Зоран Божиновски и го информирала македонското МВР дека треба да се почне процедурата за негова екстрадиција, потврдија од министерството.
Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.

Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.


Новинарот Зоран Божиновски се товари за извршување на кривичните дела злосторничко здружување, шпионажа и уцена. Во акцијата Шпион 20 лица се обвинети и уапсени за злосторничко здружување, измама и изнуда, меѓу нив сегашни и поранешни носители на високи државни функции.
Карактерот на обвинението содржи во себе елементи кои претставуваат државна тајна, во интерес на сигурноста на земјата и на сите граѓани.

Ис­траж­ни­от судија во Основниот суд Скопје 1 им одреди мерка притвор од 30 дена на 16 притворени во акцијата "Шпион", додека, пак, на вра­бо­те­ни­от во Државниот архив, поради влошената здравствена состојба, му бил одреден домашен притвор.
Прит­вор во отсуство им е одреден и на тројцата од осомничените, по кои сe уште се трага.
Запленети матерјали во акцијата „Шпион“.

Запленети матерјали во акцијата „Шпион“.


Тие се товарат де­ка им оддавале информации на странски безбедносни служби, главно од ед­на соседна земја, а се занимавале и со измами и уценувале јавни лич­нос­ти и лица од бизнис заедницата.

Истрагата за случајот Шпион бидејќи станува збор за документи од државен карактер и со различен степен на тајност, ќе се води зад затворени врати. Во Македонија ова е прв случај на обвинение за вакво кривично дело и за таков вид дело. Кривичниот законик предвидува судењето за вакви случаи во кои се работи за сигурноста на земјата, и постапка во која треба да се изнесуваат податоци кои се квалификуваат како тајна за државата да се одвива без присуство на јавноста со исклучок на учесниците во постапката, одбраната, обвинетиот и обвинителот, појаснува професорот Осман Кадриу.

„Карактерот на обвинението содржи во себе елементи кои претставуваат државна тајна, во интерес на сигурноста на земјата и на сите граѓани. Во тие случаи законот, не само кај нас, туку и во споредбеното право и во споредбеното законодавство се подвлечени кои се тие кривични дела за кои судот ќе води постапка без присуство на јавноста, значи судењето е тајно.“

Тоа исто така значи дека увид во материјалните докази ќе имаат само одбраната, обвинителот и обвинетиот, но при тоа ќе се констатира дека тоа ќе важи само за нив без право да се изнесуваат на трети лица.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG