Достапни линкови

Интензивни преговори за иранската нуклеарна програма


Портпаролот на Кетрин Ештон, високата претставничка на Европската унија, Мајкл Ман денеска изјави дека во Женева се водат интензивни преговори меѓу шестте светски сили и Иран околу нуклеарната програма на таа земја. „Очекуваме денеска да биде постигнат напредок“, рече тој. Се дознава дека со евентуалнот договор Иран делумно ќе ја прекине програмата за што ќе добие олеснување на економските санкции. Денеска во женева треба да допатува и американскиот државен секретар Џон Кери кој изутрината во Ерусалим имаше средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
XS
SM
MD
LG