Достапни линкови

Ова не е крај на приказната за Кежаровски и новинарството


Новинарот Томислав Кежаровски е во домашен притвор до почетокот на издржување на затворската казна.

Новинарот Томислав Кежаровски е во домашен притвор, одлучи вчера Основниот суд по барање на одбраната, поради неговата влошена здравствана состојба. Кежаровски ќе биде во неговиот дом до почетокот на издржувањето на затворската казна. Одбраната на Кежаровски ја чека пресудата за да поднесе жалба пред Апелациониот суд. Новинарот е осуден на 4,5 години во затвор.
За жал ова не е пуштање да се брани од слобода, туку е домашен притвор, но и тоа е еден мал чекор.

Од Иницијативниот одбор за слобода на Кежаровски ја поздравија одлуката да му се замени мерката притвор со домашен притвор.

„За жал ова не е пуштање да се брани од слобода, туку е домашен притвор, но и тоа е еден мал чекор, за да се каже дека ете реакциите на граѓанскиот сектор,
Протест на новинарите.

Протест на новинарите.

на новинарите пред се и на медиумите, и на меѓународната јавност можеби придонеле да ја земат оваа причина кога ја разгледувале одлуката за пуштање на Кежаровски во домашен притовор, односно заменување на притворот со домашен “, вели Жанета Трајковска од Иницијативниот одбор.
Веруваме дека Кежаровски е невин и очекуваме Апелацискиот суд во Скопје да ја укине првостепената одлука и да го прогласи за невин.

Но ова не е крај на приказната, додава Трајкоска. Сите што на некој начин беа вклучени во приказната ќе ја тераат работата до крај и ќе се борат за слободата на изразувањето, за вршење на новинарската работа и за слобода на Кежаровски, вели Трајкоска.

„Бидејќи на некој начин тоа ќе значи и победа на новинарските права и слободи и победа на јавниот интерес во Македонија, односно кога се пишува во име на јавниот интерес, тогаш некои правила не важат бидејќи јавноста има право да знае пред се што се случува во нашата држава“, вели Трајкоска.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) преку писмено соопштенија изрази задоволство што Кежаровски е ослободен од истражниот затвор.

„Веруваме дека Кежаровски е невин и очекуваме Апелацискиот суд во Скопје да ја укине првостепената одлука и да го прогласи за невин. Кежаровски со објавените текстови не се огрешил пред законот, туку открил злоупотреба на институтот заштитен сведок. Јавноста има право да биде информирана за злоупотребите на институциите што претставува највисок јавен интерес во едно демократско општество“, стои во соопштението.

Случајот на новинарот Кежаровски го привлече вниманието на меѓународната јавноста, а пресудата наиде на реакции од повеќе организации и институции. Кежаровски, според судот, е осуден за напишан текст пред 5 години во кој открил идентитет на заштитен сведок во случајот „Ореше“.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG