Достапни линкови

Во Москва средба на Путин со холандскиот крал


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ќе се сретне со холандскиот крал Вилијам Александар. Тој заедно со неговата сопруга кралицата Максима веќер ќе учествува на свеченостите по повод 400 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. До посетата доаѓа во време на тензични односи по нападите врз дипломати на двете земји и во Москва и во Хаг. Деновиве Холандија поднесе тужба против Русија до Меѓународниот суд за поморско право поради случајот со уапсените активисти на Гринпис кои протестираа против вадењето нафата на Арктикот.
XS
SM
MD
LG