Достапни линкови

logo-print

ЗНМ очекува укинување на домашниот притвор на Кежаровски


Здружението на новинари на Македонија денеска изрази задоволство од тоа што новинарот Томислав Кежаровски е ослободен од истражниот затвор. Одлуката на Основниот суд Скопје 1 за замена на мерката притвор со домашен притвор претставува чекор напред кон подобрување на судската практика на македонските судови кога решаваат за примената на оваа мерка, оценува Здружението кое очекува Судот наскоро да ја укине и мерката домашен притвор и да донесе одлука Кежаровски да се брани од слобода. „Веруваме дека Кежаровски е невин и очекуваме Апелацискиот суд во Скопје да ја укине првостепената одлука и да го прогласи за невин. Кежаровски со објавените текстови не се огрешил пред законот, туку открил злоупотреба на институтот заштитен сведок“, се наведува во соопштението од ЗНМ.
XS
SM
MD
LG