Достапни линкови

logo-print

Зоран Божиновски уапсен во Нови Сад


Запленети матерјали во акцијата „Шпион“

Запленети матерјали во акцијата „Шпион“

Зоран Божиновски, еден од обвинетите во случајот „Шпион“ е уапсен синоќа околу 21 часот во Нови Сад, Србија, врз основа на меѓународна потерница. Од МВР потврдуваат дека телефонски биле известени за апсењето на Божиновски, но оти чекаат и официјална потврда. Божиновски е еден од 22 лица кои се осомничени и обвинети во акцијата „Шпион“, за изнуда и рекет. Претходно, двајца вработени во Агенцијата за разузнавање, двајца во УБК, четворица вработени во МВР, тројца во Министерството за одбрана и по еден во Собранието, Државниот архив и како директор на Управата за финансиско работење, се осомничени за шпионажа. Лицата се товарат за шпионажа и соработка со странски безбедносни служби на кои им оддавале класифицирани документи со различен степен на доверливост меѓу кои имало и државни тајни.
XS
SM
MD
LG