Достапни линкови

logo-print

Завршуваат разговорите за Иран, се приклучува и Кери


Денеска во Женева завршуваат дводневните разговори за нуклеарната програма на Иран, на кои учествуваат претставници на оваа земја и на САД, Русија, Франција, Британија, Кина и Германија. Денеска на преговорите ќе се приклучи и американскиот државен секретар Џон Кери, кој се наоѓа на турнеја по Блискиот Исток.
Белата Куќа вчера соопшти дека шесте светски сили биле подготвени да олеснат некои санкции спрема Иран, доколку Техеран преземе јасни чекори кон запирање на унапредувањето на неговата нуклеарна програма.
Во интервју за CNN, иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф истакна дека Техеран можеби е подготвен за делумно суспендирање на спорната програма за збогатување на ураниумот.
XS
SM
MD
LG