Достапни линкови

Протест во Тирана поради предлогот за сириското хемиско оружје


Пред албанскиот Парламент вчера беше одржан протест поради плановите оружјето од сирискиот хемиски арсенал да се уништува на албанска територија. Демонстрантите, извикувајќи „не за хемиското оружје“, побараа од албанските власти да се откажат од барањето на странските влади да помогнат во елиминирањето на сириското хемиско оружје.
Албанија нема капацитет за уништување на хемиското оружје и не треба да биде канта за смет, доведувајќи ги во опасност животите на своите граѓани, изјави Саида Гури од невладината организација Сојуз против увезување на отпад.
Франција, Белгија и Албанија се спомнуваат како можни места за уништување на околу 1.000 тони сириско хемиско оружје. САД побарале и во Норвешка да биде уништувано сириското хемиско оружје, но Осло одби.
Албанската Влада се уште не коментира дали во земјата ќе се уништува сириското хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG