Достапни линкови

Јавно сведочење за британските шпионски методи


Шефовите на разузнавачките агенции на Британија денеска за прв пат јавно сведочеа во парламентот по објавувањето информации за шпионските методи обелоденети од поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност Едвард Сноуден. Ендрју Паркер, шеф на агенцијата за домашно разузнавање МИ5 и Џон Соерс, шеф на службата за странско разузнавање МИ6 се појавија заедно со Јан Лобан, директор на Агенцијата за електронски надзор. Тие ја бранеа работата на разузнавачките служби. Нивното сведочење пред парламентарната комисија беше пренесувано на телевизија, но со мало задоцнување.
XS
SM
MD
LG