Достапни линкови

logo-print

Кежаровски во домашен притвор


„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ја укина мерката притвор против обвинетиот Томислав Кежаровски“. Ова се наведува во соопштението на Основниот суд во кое се додава дека мерката домашен притвор ќе биде во траење од 30 дена, до правосилноста на пресудата, „односно до издржувањето на изречената казна затвор“. Новинарот Кежаровски, во случајот „Ликвидација“ беше осуден на 4 години и шест месеци затвор за оддавање идентитет на заштитен сведок. На ослободување на Кежаровски од притвор, но и на преиспитување на пресудата повикаа повеќе домашни и странски невладини организации, како и ОБСЕ.
XS
SM
MD
LG