Достапни линкови

Шекеринска vs Мијалков, ВМРО ДПМНЕ vs Шекеринска


Пратеничката и заменик-претседател на СДСМ Радмила Шекеринска денеска оцени дека директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков „со вчерашниот допис до Антикорупциската комисија самиот признал дека има имот што не е пријавен во неговиот анкетен лист“. Во изјава Шекеринска бара одговорност за целиот случај и истакна дека пет дена по пратеничкото прашање што го постави таа, Антикорупциската комисија и директорот на УБК во ист ден, во растојание од неколку часа, решиле да и соопштат на јавноста, „не дека Мијалков неточно ги известил за неговата имотна состојба, туку дека го ажурирал својот Анкетен лист“. „Ако е така, никој не треба да доставува анкетни листови бидејќи кога ќе биде фатен, само листот ќе го ажурира“, рече Шекеринска. ВМРО ДПМНЕ регираше при што соопшти дека „лагите и клеветите нема да и помогнат на Шекеринска да се заборави нејзиниот случај на енормно богатење за период од 5 години, имот, велат,што го стекнала за време и веднаш по завршувањето на нејзината функција потпретстедател на Владата предводена од СДСМ.
XS
SM
MD
LG