Достапни линкови

logo-print

Арафат намерно бил отруен?


Швајцарски научници соопштија дека палестинскиот лидер Јасар Арафат во себе имал радиоактивен плутониум најверојатно како резултат на намерно труење. Научниците кои ги испитале примероците од останките на Арафат по наводите за труење денеска изјавија дека тие не можат ни да потврдат ни да отфрлат дали плутониумот бил причината за неговата смрт. Сепак, како што додаваат, количеството на плутониум што бил најден во примероците покажува дека тој таму не можело да дојде по природен пат. Наводите дека Арафат бил отруен се појавија веднаш по неговата смрт во една француска воена болница во 2004 година. Израел неколкупати ги негираше палестинските наводи дека бил вклучен во смртта на Арафат.
XS
SM
MD
LG