Достапни линкови

logo-print

Француските новинари во Сирија се живи?


Шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус изјави дека има докази оти четворицата француски новинари киднапирани во Сирија се се уште живи.
Станува збор за новинарот на радиото Европа Дидие Франсоа, фотографите Едуард Елија и Пјер Торес и новинарот Никола Анен, кои беа заробени во два одделни инциденти во јуни.
Тој не даде детали за нивната судбина која зависи од тоа кој ги држи.
Франција има влијание со официјалното раководство на сириската опозиција, но нема влијание врз исламистички групи. Според Репортери без граници Сирија во моментов е најопасната земја во светот за новинарите. Од конфликтот во март 2011 година таму загинаа 25 новинари.
XS
SM
MD
LG