Достапни линкови

Волерс: Добро е што Нимиц се консултира со Меркел


Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс, одговарајќи на новинарско прашање при посетата во Кочанско за ставот на Американската амбасада за разговорите меѓу преговарачот за спорот со името Метју Нимиц и германската канцеларка Ангела Меркел, рече дека го поддржуваат процесот и оти е добро што Нимиц се консултирал со Меркел.

„Ние сме рекле дека го поддржуваме процесот и под раководство на Обединетите нации и поединечните разговори на амбасадорот Нимиц со засегнатите страни. И Европа е засегната, а Германија е важна држава во Европа, така што ако амбасадорот Нимиц се консултирал со канцеларката Меркел тоа е добро. Не ја познавам содржината на разговорот, но сигурен сум дека ја запознал со позициите на двете засегнати страни“,

рече Волерс.
XS
SM
MD
LG