Достапни линкови

logo-print

Власта најодговорна за хомофобијата


Марш за толеранција во Скопје, 2012.

Марш за толеранција во Скопје, 2012.

Самите институции со промоцијата на некои нови законски решенија директно влијаат на негативните трендови коишто се случуваат кај нас, вели професор Мирјана Најчевска.

Според сите параметри, истражувања и анализи може да се заклучи дека нашето општество е исклучително хомофобично и тоа што е најстрашно не постојат видливи тенденции ваквите трендови да се сменат, посочува Ирена Цветковиќ од Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници.
Како реалност имаме промовирање на хомофобија од институции на системот, од политичари, од самиот парламент, кои токму напротив имаат мандат за борба против хомофобијата и дискриминацијата.

„Како реалност имаме промовирање на хомофобија од институции на системот, од политичари, од самиот парламент, кои токму напротив имаат мандат за борба против хомофобијата и дискриминацијата.“

Во овој но и во други случаи, не може да се смета за виновник незрелоста на општеството, туку елементарното неразбирање дека отсуството на можности за остварување на прават и слободите на секој човек од било која причина претставува дискриминација, вели професор Мирјана Најчевска.

„Посебно ова се однесува на ваков вид на маргинализирани групи, кои што е многу лесно да бидат етикетирани и стигматизирани, заради тоа што луѓето се чувствуваат многу удобно и заштитено од страна на државата, но и од страна на заедницата во своето традиционално уверување.“
Самите институции со промоцијата на некои нови законски решенија директно влијаат на негативните трендови коишто се случуваат кај нас.

Власта е таа која што треба да создаде услови во кои што сите луѓе независно од своите индивидуални карактеристики на еднаков начин ќе можат да ги остваруваат своите права и слободи, додава Најчевска, и оттука таа е најодговорна за ваквите негативни трендови кои што ни се случуваат кога станува збор за прифаќање на ЛГБТ заедницата.

„Самите институции со промоцијата на некои нови законски решенија коишто ја смалуваат сферата во којашто луѓето заради својата сексуална ориентација можат на еднаков начин да ги практикуваат своите права и слободи, директно влијаат на негативните трендови коишто се случуваат кај нас.“

Хелсиншкиот комитет за човекови права и ЛГБТ Центарот за поддршка кој функционира во рамките на комитетот од пред една година денеска ја промовираат кампањата „Македонија има љубов за сите“ насочена кон осуда на насилството и поддршка на ЛГБТ луѓето. При последната посета на Македонија известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит го посети ЛГБТ Центарот и изрази загриженост околу нападите врз центарот во Старата скопска чаршија како и за пасивноста на полицијата при разоткривањето на овие случаи.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG