Достапни линкови

logo-print

ПЛО бара истрага за „убиството“ на Арафат


Јасер Арафат

Јасер Арафат

Васел Абу Јусеф член на раководството на Палестинската Ослободителна Организациуја повика на меѓународна истрага за, како што рече убиството на лидерот Јасер Арафат.
Претходно сопругата на палестинскиот лидер изјави дека швајцарските форензички тестови покажале дека Арафат бил отруен од радиоактивен полониум во 2004 година. Суха Арафат изјави дека смртта на нејзиниот сопруг е "политичко убиство". Тим на експерти го отвори гробот на Арафат на Западниот Брег во градот Рамала минатата година со цел да се отстранат примероци на неговото тело и да се тестираат за наводно труење.
Суха Арафат го цитираше извештајот во кој се вели дека постојат научни докази дека Арафат бил убиен. Арафат не обвинува никого за труењето на нејзиниот сопруг. Таа изјави дека долгогодишниот лидер на Палестинската ослободителна организација имаше многу непријатели. Француски официјални лица отворија истрага за смртта на Арафат во 2012 година. Арафат, кој беше 75 кога почина, тврдеше дека преживеал 40 обиди за атентат.
XS
SM
MD
LG