Достапни линкови

Грција да ја забрза продажбата на државниот имот


Полиција пред ЕРТ

Полиција пред ЕРТ

Меѓународните кредитори, кои преговараат во Атина за следната транша помош за Грција, бараат од грчката Влада да го забрза процесот на приватизација на државниот имот што е услов за продолжување на финансиската помош за Грција. Грчката Агенција за приватизација соопшти дека подготвува процедури за продажба на илјада од вкупно 3.000 државни имоти, од кои се очекува заработувачка од 4,5 милијарди евра.
Меѓу предложените објекти за приватизирање се хотели, аеродроми, пристаништа, автопати.
Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас изјави дека приватизациската програма се извршува успешно, а зделките од неа донесле приходи во износ од 3,5 милијарди евра, од кои во буџетот веќе влегле 1,9 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG