Достапни линкови

Изборната комисија ја објави победата на Рахмон


Централната изборна комисија на Таџикистан комисија ја објави победата на претседателот Имомали Рахмон кој освои нов седумгодишен мандат на изборите. Комисијата соопшти дека 61-годишниот Рамон добил 83,1 отсто од гласовите, откако се изброени сите гласачки ливчиња.
Рахмон е на чело на Таџикистан од 1992 година. Тој се кандидираше против пет малку познати кандидати откако неговиот единствен сериозен конкурент од опозицијата беше дисквалификуван. Одѕивот на гласачите е 86,6 проценти. Дописниците на таџикистанскиот сервис на Радио Слободна Европа јавуваат за неколку случаи на повеќекратно гласање.
Досега Западот не признал ниту едни избори во Таџикистан за слободни и фер. Делегација на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која ги следеше изборите, денеска треба да ги претстави своите заклучоци. Во периодот до изборите, ОБСЕ го критикуваше Таџикистан за видлива контрола на државата врз медиумите кои исклучиво се фокусираа на медиумско покривање на кампањата на Рахмон.
XS
SM
MD
LG