Достапни линкови

Повлечено пилешко месо заразено со салмонела во Романија


Над 55 тони пилешко месо се повлечени од продавници во Романија поради сомневање дека се заразени со салмонела, објави весникот „Евениментул зилеј“. Пилешкото месо е повлечено од продавници во Букурешт и окрузите Прахова, Брашов и Сучава. Досега се уништени 22,5 тони месо на барање на инспекцијата. Производител на месото во чии тестирани примероци е откриено присуство на салмонела е компанијата Авикола.
XS
SM
MD
LG