Достапни линкови

Мијалков побара ажурирање на имотниот лист


Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков испратил писмо до Државната комисија за спречување корупција, со кое бара да му бидат ажурирани податоците во неговиот анкетен лист, јавија македонските медиуми.
Тој воедно информира за измена на податоците на имотната состојба од неговиот анкетен лист.
Мијалков информира дека од 2013 година тој е единствен сопственик на фирмата „Миртланис“ регистрирана во Република Чешка, која според неговите кажувања, ја купил пред 7 месеци, а според него, биле направени три пропусти - Комисијата не го ажурирала податокот кој им го доставил уште во 2011 година за продажба на удел во фирмата во Прага.
Не бил внесен оснивачкиот влог во друга фирма во Чешка, но вели, не го надминувал законскиот лимит од 20 просечни плати над кој пријавувањето на имотот станува задолжително во предвидениот рок.
Мијалков наведува и дека е направена грешка и кај податоците за семеен накит и уметнички слики каде што при трансферот од евра во денари ненамерно била додадена една нула.
XS
SM
MD
LG