Достапни линкови

Ахмети - името, НАТО, и претседателски кандидат


Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во Тетово се сретна со шефот на канцеларијата на НАТО во Македонија, Александар Александров. Како што соопштија од ДИУ, соговорниците разговараа околу политичките случувања во земјата како и за итната потреба за интегрирање на Македонија во НАТО и Европската унија.
Ахмети ја оцени високо подготвеноста на Александер Вершбау, заменик генерален секретар на НАТО, за организирање седница на Советот на НАТО во Македонија, при што нагласил дека на овој начин Македонија останува дел од агендата на меѓународната заедница.
Исто така, Ахмети ја искористи можноста да ги покани генералниот секретар на НАТО Расмусен, како и Вершбау во Скопје, стои во соопштението. Шефот на канцеларијата на НАТО во Македонија, како што се наведува, изразил висока оценка за конструктивната улога на Ахмети за случувањата во земјата и регионот при што нагласи дека за зачленување на Македонија во НАТО потребно е да се реши прашањето со името.
Околу претседателските избори, Ахмети, се наведува, нагласи дека ДУИ може да поддржи консенсуален кандидат помеѓу двете најголеми заедници во земјава, кој што е без предрасуди и прифатлив за Албанците и за сите граѓани на Македонија.
XS
SM
MD
LG