Достапни линкови

Најмалку 16 загинати во бомбашки напади во Сирија


Дамаск 06.11.13

Дамаск 06.11.13

Најмалку 8 луѓе биле убиени, а пеестина други ранети во денешната експлозија на бомба во центарот на сирискиот главен град Дамаск.
Државната новинска агенција САНА јави дека нападот го извршиле терористи.
Во меѓувреме се јавува за уште 8 загинати во Сувајда каде автомобил бомба експлодирала пред регионалната агенција за разузнување. При тоа, според Сириската опсерваторија за човекови права, загинал шефот на службата за безбедност на авијацијата и 7 разузнувачи.
САНА јави дека загинале 8 граѓани.
Повеќе од 100 илјади луѓе загинале во граѓанската војна во Сирија која почна во почетокот на 2011 година.
XS
SM
MD
LG