Достапни линкови

Хрватска можеби ќе побара помош од ММФ


Загреб - Бански двори

Загреб - Бански двори

Хрватска може да побара помош од Меѓународниот монетарен фонд, бидејќи потребите од кредити во наредната година стануваат огромни и многу ризични, изјави хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ.
Најновата членка на ЕУ треба да позајми 7,7 милијарди долари идната година, за да го рефинансира долгот и да го покрие буџетскиот дефицит, изјави Линиќ. Хрватска, чија економија не забележа раст од 2008 година, е соочена со долгови на државните претпријатија и невработеност, што се ближи кон 20 проценти.
XS
SM
MD
LG