Достапни линкови

logo-print

Во Скопје средба Иванов - Рама


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со албанскиот премиер Еди Рама, кој престојува во посета на Македонија. На средбата е разговарано за билатералните односи меѓу двете земји, при што заеднички е констатирано дека политичките односи бележат позитивен тренд. Иванов ја посочил потребата од што побрзо завршување на Јадранско-јонската магистрала и нејзино поврзување со Коридорот 8. Во однос на заедничката стратешка цел, членството во Европската унија, потврдена е заемната поддршка со цел побрза интеграција на двете земји во ЕУ.
XS
SM
MD
LG