Достапни линкови

Рама - иднината ни е заедничка


Албанскиот премиер Еди Рама во посета на Македонија.

Албанскиот премиер Еди Рама во посета на Македонија.

Мора сите да бидат свесни дека иднината ни е заедничка и немаме друг избор, туку таа иднина заедно да ја изградиме, изјави албанскиот премиер Еди Рама по средбата со македонскиот премиер Груевски.

Интегрирањето на Македонија во НАТО и во ЕУ не е само добро за регионот и за Албанија туку и за севкупната стабилност, истакна албанскиот премиер Еди Рама по средбата со македонскиот премиер Груевски.
Јас мислам било каква пречка од која и да доаѓа страна го нарушува процесот на интеграцијата на целиот регион.

„Интеграцијата би придонела не само за Албанците во Македонија, туку и за самите Македонци, ова ни е заеднички интерес. Јас мислам било каква пречка од која и да доаѓа страна го нарушува процесот на интеграцијата на целиот регион“, изјави Рама

Тој не сакаше да коментира дали воопшто станало збор за спорот за името при неговата неодамнешна средба со Папуљас во Тирана. Тука сум како пријател и сосед, а не да пренесувам какви било пораки, додаде Рама.

Неговиот домаќин, премиерот Груевски ја реафирмира поддршката на Албанија за побрзо интегрирање во евроатланските
Меѓуетничките односи во Македонија ги оценувам за стабилни, со отворен дијалог за сите заеднички предизвици.
структури и изрази надеж дека две земји ќе напредуваат на тој план и рече дека Македонија останува проактивна за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.

„Веруваме дека сите предизвици во регионот можат да бидат надминати со конструктивна политика во духот на европската соработка и добрососедството, а врз основа на принципите на почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и мирното решавање на актуелните предизвици преку отворен дијалог.“

Запрашан за оценка на меѓуетничките односи во земјава, Рама посочи дека неговата земја не може да прифати никаква нетолерантност и е длабоко заинтересирана тие односи да се третираат со висока чувствителност од страна на политичарите.

„Мора сите да бидат свесни дека иднината ни е заедничка и немаме друг избор, туку таа иднина заедно да ја изградиме.“

„Меѓуетничките односи во Македонија ги оценувам за стабилни, со отворен дијалог за сите заеднички предизвици“, ја изнесе и својата оценка македонскиот премиер Груевски.

Гостинот од Албанија оцени и дека миропт во регионот е влезен во еден српската влада оценувајќи го како отворен прозорец кој дава нови можбности за развојот на регионот на економски и соцвијален план. Срега ни преиостанува на нас, всушност владите на регионот, оваа можност да преточиме во благосостојба за сите граѓани на Балканот рече Рама. Билатералната соработка на планот на економијата, енергетиката и инфраструктурата биле исто така теми околу кои разговарале двајцата премиери.
XS
SM
MD
LG