Достапни линкови

Грчки медиуми: Меркел се интересира за Скопје


германската канцеларка Ангела Меркел

германската канцеларка Ангела Меркел

„Меркел одеднаш се интересира за Скопје“, „Меркел ги поддржува напорите на Нимиц“, „Германија се интересира за прашањето за името на Скопје“. Ова се дел од насловите во грчкиот печат кои го пренесуваат соопштението на германската влада за средбата на германската канцеларка Ангела Меркел со медијаторот Метју Нимиц. Грчкиот весник „Реал“, како што пренесува МИА, повикувајќи се на дипломатски извори, пишува дека ниту грчката, ниту македонската страна не биле претходно информирани за оваа средба. Весникот исто така коментраила дека бил импресивен фактот што Меркел и покрај консултациите за состав на новата влада, нашла време да се сретне со медијаторот Нимиц.
XS
SM
MD
LG