Достапни линкови

Грција парализирана со штрајк и демонстрации


Државниот и приватниот сектор во Грција денеска е парализиран поради генерален штрајк во знак на протест против новиот единствен данок на имот и поради стравувањата од ново намалување на платите и пензиите. Возовите и тролејбусите во Атина не сообраќаат, додека автобусите од градскиот транспорт, метрото и трамваите возат редуцирано. Во болниците се примаат само итни случаи. Неколку илјади демонстранти маршираа денеска во Атина и во Солун.
XS
SM
MD
LG