Достапни линкови

logo-print

Русија на суд поради апсењето активисти на Гринпис


Холандија покрена обвинение против Русија пред Меѓународниот суд за поморско право во Хамбург за апсењето на 30 активисти на Гринпис за време на нивниот протест против вадењето нафата на арктикот. Холнадија смета дека Русија немала право да влезе на бродот со активистите на Гринпис, бидејќи тој се наоѓал во меѓународни води. Холнадија бара ослободубвање на активистите, како и предавање на бродот Арктички изгрев што пловел под холандско знаме. Русија веќе соопшти дека нема да учествува на овој судски процес. Активистите кои претходно беа обвинети за пиратство сега се соочуваат со казна за хулиганство.
XS
SM
MD
LG