Достапни линкови

Не постои предлог „Словенско-албанска Македонија“


Медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц.

Медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц.

Предлогот „Словенско-албанска Македонија“ за ДУИ е обид за дефокусирање на јавноста од дебата за предлогот Горна Република Македонија.

Предлогот „Словенско-албанска Македонија“ за кои одредени медиуми информираа дека бил ставен на маса на последната средба на преговарачите со медијаторот Нимиц, за Демократската унија на Албанците е обид за дефокусирање на јавноста од дебата за предлогот Горна Република Македонија. Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, тврди дека предлогот „Словенско-албанска Македонија“, никогаш не бил спомнат во разговорите на Ахмети со грчките и европските дипломати за време на неговата дипломатска турнеја.
Предлогот Словенско-албанска Република Македонија не треба да служи како алатка за дефокусрање на јавноста од вистинскиот предлог којшто е поставен од Господинот Нимиц, а тоа е Горна Република Македонија.

„Предлогот Словенско-албанска Република Македонија не беше споменат на состаноците на Господинот Ахмети на дипломатската турнеја која ја презема од Вашингтон се до Атина и сметаме дека се додека овој предлог не е поставен на маса официјално од страна на грчкото министерество за надворешн работи или другите грчки институции, не треба да служи како алатка за дефокусрање на јавноста од вистинскиот предлог којшто е поставен од Господинот Нимиц, Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос во Атина.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и грчкиот министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос во Атина.

а тоа е Горна Република Македонија.“

Иако и грчкиот амбасадор во Скопје Харис Лалакос отфрли дека таков предлог е во игра, а шефот на македонската дипломатија Никола Попоски воопшто не сакаше да го коментира, албанскиот дневен весник Шекули пишува дека при последната посета на грчкиот претседател Каролос Папуљас во Тирана, тој го
A што се однесува до поранешната Република Македонија, треба да се најде едно име за севкупна употреба, односно взаемно прифатливо решение со географска одредница за севкупна употреба.
поддржал предлогот „Словенско-албанска Македонија“.

Иако во официјалната изјава Папуљас вели:

„A што се однесува до поранешната Република Македонија, треба да се најде едно име за севкупна употреба, односно взаемно прифатливо решение со географска одредница за севкупна употреба“, новинарот ја коментира изјавата на Папуљас како поддршка на идејата Македонија да се нарекува „Словенско-албанска Македонија“.

Од ДУИ го повторуваат познатиот став дека македонската заедница треба да се мобилизира и да се случи јавна и конструктивна дебата која, според нив. ќе ги покаже предностите на предлогот „Горна Република Македонија“.

„Ние сме убедени дека предлогот на Господинот Нимиц, како и преговорите, не задираат во идентитетот, не задираат во јазикот и има простор да се седне меѓу двете страни и да се разговара за еден компромис“, изјави Груби.

Во периодот до декември, од ДУИ очекуваат засилен ангажман од страна на Европската Унија во врска прашањето за името и негово брзо решавање. Во тој контекст се толкува и вчерашната средба на германската канцеларка Ангела Меркел со посредникот Метју Нимиц во Берлин. По средбата Меркел и Нимиц се согласиле дека „ доколку постои соодветна политичка волја во главните градови Атина и Скопје пречките би биле надминливи“. Германската влада во своето соопштение нагласува дека и Европската Унија и НАТО повеќепати едногласно одлучиле дека решавањето на спорот за името во заемна согласност е предуслов за почеток на пристапните преговори за прием на Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG