Достапни линкови

Џон Кери на Блискиот Исток


Американскиот државен секретар Џон Кери ги почна разговорите со израелските и со палестинските лидери во обид да го придвижи блискоисточниот мировен процес. Тој денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а во Витлеем денеска ќе разговара и со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Кери во јули годинава ги убеди двете страни да се вратат на преговарачка маса по скоро тригодишен прекин поради израелското доселување на окупираните палестински територии. Но, преговорите набрзо влегоа во ќорсокак.
XS
SM
MD
LG