Достапни линкови

Експлозии пред канцеларии на кинеската комунистичката партија


Неколку помали експлозии се случиле денеска пред канцелариите на владејачката кинеска комунистичка партија во северниот дел на земјата. Синхуа јавува дека притоа едно лице било убиено, додека осуммина други ранети. До ова доаѓа на неколку дена откако три лица со автомобил упаднале меѓу луѓето во плоштадот Тјенанмен во Пекинг. За овој напад во кој загинаа пет луѓе властите ги обвинија муслиманските сепаратисти во регионот Синџијанг.
XS
SM
MD
LG