Достапни линкови

Косово: повторување на гласањето на три избирачки места


Централната изборна комисија на Косово соопшти дека локалните избори ќе бидат повторени на три избирачки места во северна Митровица, бидејќи таму во неделата маскирани луѓе ги уништиле гласачките кутии. Гласовите во другите општини каде што мнозинство се србите ќе бидат преобројани како валидни. Високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон денеска во Брисел разговара со премиерите на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, меѓу другото, и за косовските избори. Ештон изјави дека силно го осудува насилството во одделни избиричаки места во северна Митровица. Дачиќ најави дека една од темите ќе биде и можното поништување на изборите на северот на Косово, каде што на србите им било оневозможено да гласаат.
XS
SM
MD
LG