Достапни линкови

Во Грција денеска генерален штрајк


Државниот и приватниот сектор во Грција денеска ќе биде парализиран поради генерален штрајк во знак на протест против новиот единствен данок на имот и поради стравувањата од ново намалување на платите и пензиите. Возовите и тролејбусите во Атина нема да сообраќаат, додека автобусите од градскиот транспорт, метрото и трамваите ќе возат редуцирано. Во болниците ќе се примаат само итни случаи. Три часа нема да работат и авиодиспечерите. Бродовите ќе останат во пристаништата, а од 10 до 15 часот по локално време нема да работаат новинарите. Планирани се митинзи во Атина, но и во другите градови.
XS
SM
MD
LG