Достапни линкови

logo-print

Лајчак: ЕУ да реши што натаму со Македонија


Мирослав Лајчак

Мирослав Лајчак

Словачкот министер за надворешни работи и поранешен меѓународен пратеник за Балканот Мирослав Лајчак очекува на следниот самит на Европската унија Македонија повторно да биде блокирана од страна на Грција, поради спорот за името. „Европскиот совет најверојатно повторно нема да додели датум за преговори за Македонија. Унијата треба да реши што ќе прави со Македонија, бидејќи и по пет препораки од Европската Комисија, Европскиот Совет не може да донесе одлука за започнување на преговорите. Македонија е блокирана од 2005 година, и тоа не е добро, бидејќи ако не е преокупирана со позитивна агенда, ќе биде преокупирана со поинаква агенда“, изјави Лајчак, кој вчера зборуваше за односот на ЕУ со источните европски држави, на конференција во Атланскиот совет во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG