Достапни линкови

САД побарале Албанија да го уништува сириското хемиско оружје


Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати изјави дека САД побарале од Владата во Тирана на своја тероторија да го уништува хемиското оружје од Сирија. Според весникот „Монд“, Бушати на средбата со својот француски колега Лоран Фабуис изјавил дека „албанската Влада се уште не донесла никаква одлука за ова прашање“. Весникот пишува дека Албанија се смета за прифатлива земја за уништување на хемиско оружје, поради нејзината географска положба што овозможува лесен транспорт на хемиското оружје до нејзината територија. Во меѓувреме, организации за заштита на животната средина од Албанија предупредија дека ќе побараат организирање референдум за ова прашање.
XS
SM
MD
LG