Достапни линкови

Можен „рамковен договор“ за иранската нуклеарна програма


Шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф.

Шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф.

Шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф изјави дека е можно да се постигне „рамковен договор“ за иранската нуклеарна програма оваа недела на разговорите во Женева. Тој ова го изјави за телевизијата Франс 24 во Париз, во пресрет на средбата со неговиот француски колега Лорен Фабиус која треба да се одржи неделава. Зариф, кој истовремено е и главен преговарач за нуклеарната програма, вели дека договор е можен, но оти тој може да зборува само во име на неговата земја, а не и во име на другите засегнати страни, но не образложи како е можно да се дојде до договор толку брзо. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е за цивилна употреба за производство на струја, но западните земји се сомневаат дека Техеран се обидува да направи атомска бомба.
XS
SM
MD
LG