Достапни линкови

Кери очекува придвижување на блискоисточниот мировен процес


Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери.

Американскиот државен секретар Џон Кери се надева на придвижување во блискоисточниот мировен процес. Предвидено е денеска Кери да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а потоа да отпатува на Западниот Брег на разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас. По пристигнувањето во Ерусалим во вторникот вечерта, Кери изјави дека мировните преговори наишле на тешкотии, но оти мисли дека сè уште е можно да се постигнат некои договори. Иако преговорите се држат во тајност, сепак израелскиот министер за внатрешни работи, Гидеон Сар, изјави дека Палестинците не преговараат со добра волја. Кери ги убеди двете страни да се вратат на преговарачката маса во јули, по речиси три години пауза.
XS
SM
MD
LG