Достапни линкови

Демократот Де Бласио нов градоначалник на Њујорк


На изборите за градоначалник на Њујорк победи кандидатот на Демократската партија Бил Де Бласио. Тој го победи кандидатот на Републиканската партија Џо Лота. Ова е прв пат по две децении демократ да го зазеде Градското собрание во Њујорк. Новиот градоначалник да време на кампањата ветуваше премостување на јазот меѓу богатиот и сиромашниот Њујорк. Де Бласио доаѓа на местото на градоначалникот Мајкл Блумберг, кој на чело на Њујорк беше три мандати. Тој од републиканец стана независен.
XS
SM
MD
LG