Достапни линкови

logo-print

Кина - експлозии пред седиште на Комунистичката партија


Неколку помали експлозии одекнале пред седиштето на владејачката комунистичка партија во северниот дел на Кина, јавува кинеската новинска агенција Ксинхуа. Според нив едно лице е повредено во експлозиите во покраината Шанкси, притоа не се кажуваат дополнителни детали. Фотографиите од местото покажуваат дека улиците пред седиштето на партијата се затворени, има полиција, противпожарни камиони и амбулантни возила. Аналитичарите велат дека експлозиите биле слични на нападите за одмазда кои повремено ги има низ Кина. Напаѓачи револтирани од неправда, разнесуваа јавните автобуси, напаѓаа функционери и училишта.
XS
SM
MD
LG